Кафе-коктел за вистинско освежување
За сите страствени кафеџии и истовремено големи љубители на коктели, ова е вистинскиот коктел за вас. Јако еспресо во комбинација со водка совршено се надополнуваат, а уште кога тоа ќе се сервира во мартини чаша, забавата може да започне.
Потребни состојки:
30 мл. Водка
15 мл. Калуа (кафе ликер)
30 мл. оладено еспресо
15 мл. Ванила сируп
Во шејкер ставете ги сите сотојки, додадете мраз и силно шејкајте 10-20 секунди. Коктелот претурете го во претходно разладена мартини чаша и декорирајте со неколку цели зрна кафе.