Коктел на неделата: "Black Friday" | Trendseteri
Menu

Коктел на неделата: “Black Friday”

Совршен коктел за крајот на работната недела

Дечките од Strada Caffe во Велес со нивната иновативност секојдневно не воодушевуваат. Инспирирани од денешниов петок, најголемиот и најпознатиот ден за шопинг во историјата на нашата планета black friday, направија коктел со ќе го почувствувате вкусот на тропските краишта.

Освежете се и наполнете се со енергија за викендот.

Потребни состојки:

50 мл. Captain Morgan Spiced рум

20 мл. Passion fruit џус

10 мл. сируп со вкус на цимет

30 мл. свеж сок од лимон

5 мл. горка ангостура

30 мл. сок од портокал

Се служи во ниска Old Fashioned чаша полна со коцки мраз и се декорира со кора од портокал на врвот од чашата. Имајте убав викенд!