Кога не си ја сакаш работата и колегите | Trendseteri
Menu

Кога не си ја сакаш работата и колегите

Што се случува со твоето тело?

 

Дали знаете дека токсичната работна атмосфера може негативно да влијае на вашата здраствена ситуација и на вашиот организам?

Сите имаат лоши денови на работа, но доколку тоа ви стане секојдневие дефинитивно вашето здравје е сериозно загрозено. И додека телото ви дава знаци дека нешто не е во ред, не ни помислувате дека причина може да биде вашето работно место. Доколку патите од овие симптоми кои ќе ги наведеме подолу, можеби би требало да размислите за промена на вашето работно место.

 

Не можете да спиете

 

Честа е појавата на несоница поради тоа што мозокот цело време ви работи, за листата на обврски што треба да ги завршите. Неколку лоши ноќи не се голема работа, но доколку тоа ви се случува скоро секој ден, тогаш е знак дека вашата работа е токсична.

Патите од чести главоболки

Вашите мускули се стегаат како би го заштитиле вашето тело од повреди. Кога работното место го гледате како опасна зона, телото често ги згрчува вашите мускули. Обично тоа е хронична напнатост на вашиот врат, глава и рамена. Самото тоа што во секој момент сте спремни да реагирате на лошиот шеф или колега, ви создава невиден стрес и главоболки.

Губите желба за секс

 

Кога работата ќе ја донесете внатре во домот, односот со вашиот партнер е прв на удар. Зголемениот стрес на работното место кај жените влијае на желбата за репродукција, што значи и губење желба за секс. Кај мажите овој хроничен стрес резултира со ниско лачење на тестостерон. Мора да постои доза на релаксираност за да почувствувате возбуденост. Тука е исто важен и факторот време. Колку често слушаме дека луѓето просто немаат доволно време за секс?

Ви се влошува менталното здравје

Зголемениот стрес може да го влоши вашето ментално здравје. Неправдата е уште еден фактор за истото, бидејќи се спротиставува со вашиот идентитет, со она кои сте всушност. Кога постапуваат неправедно кон вас, тие ви го рушат личното достоинство.

Болки во стомакот

 

Грчеви во стомакот се појавуваат кога сте вознемирени. Дали ви се случува да добиете болки во стомакот кога размислувате за сите обврски кои ве чекаат во понеделник наутро? Овие болки можат да исчезнат доколку го промените работното место и околината со која се соочувате секојдневно.

Ви се зголемува апетитот

 

Кога работата ви создава емоционални проблеми, најчесто утеха барате во храната. Тоа е уште еден показател за проблемот кој моментално го имате.