Правата комбинација може да создаде ултра модерна девојка | Trendseteri
Menu

Правата комбинација може да создаде ултра модерна девојка

Како да ги комбинирате класичните парчиња облека на нов и тренди начин?


Класичните модни комбинации, односно класиката како дел од безвременото, не би требало да биде нешто кое е само дел од вашиот стил. Кога е во прашање гардеробата, класиката секогаш треба да појдовна точка, бидејќи бројни дами во текот на вековите со своите модни комбинации оставиле длабока трага во модниот свет.

Но, секако, тоа толкување на класичното се менувало со текот на времето, како што се менувале и трендовите. Време е да ги освежите вашите модни комбинации и да ги направите атрактивни и потполно модерни, бидејќи тоа е нешто што од секоја девојка, која се грижи за себе, може да создаде ултра модерна девојка.



Широки џемпери со кожа/чипка/свила

Големите, широки џемпери не се минлив тренд кој стана популарен во моментот кога модните експерти започнаа да ги промовираат „поголемите“ парчиња облека како одлични за женскиот стил, туку тие се присутни во женската мода уште одамна. Единствената разлика е во начинот на кој се носат. Во комбинација со кожа или романтични материјали, како што е на пример свилата или чипката, плетените парчиња секогаш изгледаат неодоливо. Кога малку подобро ќе погледнете, тоа навистина се споеви кои ќе ве доведат до „лудило“, бидејќи без сомнение изгледаат одлично заедно.



Сако со кожени хеланки

Со вашите класични парчиња облека како што се едноставниот џемпер, сакото, сведената блуза и бундата која отсекогаш постои како дел од модата, облечете парче облека кое високо се оценува подолго време кај девојките. Најверојатно веќе сфативте за што станува збор, бидејќи кожните хеланки се нешто кое го има во секој гардеробер, само во различни модели. Со секоја ваша безвремена модна комбинација, сосема е сигурно дека кожните хеланки ќе го пронајдат своето место.



Елегантен капут со урбана модна комбинација

Елегантното парче облека со класичен стил, особено кога времето е поладно, е секако капутот кој ѝ дава дополнителна елеганција и отменост на секоја девојка која го носи со себе. Токму поради таа причина треба да го искористите ова парче облека за вашата сведена, но сосема урбана комбинација со доза класичен стил. Дури и во некои сосема лежерни модни комбинации со капут кој е елегантен ќе имате изглед кој совршено ги спојува овие два стила.



Елегантен капут со голем шал или марама

Одличен начин за да се надополни која било модна комбинација и да се направи занимлива е да се одлучите за некоја поголема марама или шал, на кои доминираат малку повпечатливи дезени, кои ќе влијаат на атрактивноста на целата комбинација. Секако, кога еден ваков аксесоар ќе го комбинирате со елегантен капут или раскошна бунда, ќе добиете тренди комбинација, а спојот на модерното и класичното ќе биде остварен во целост.