Ќе гледаме Формула 1 и во Македонија | Trendseteri
Menu

Ќе гледаме Формула 1 и во Македонија

Телевизија 24 / 24 Вести ќе го врши преносот на Формула 1 во Македонија.

 

По првата трка од 2018 година за Голема Награда на Австралија, македонските фанови на спортот останаа разочарани без ТВ пренос на македонските канали. На наше големо задоволство, тоа повеќе не е случајот!

Пред почетокот на сезоната беше споделена информација дека пренос на македонски ТВ канали нема да има, откако се потврди дека Македонска Радио Телевизија не ги обезбедила правата. Спортклуб ги поседуваше правата за Формула 1, но само за каналите од Србија, додека во Македонија се следат нивните канали за Хрватска.

Преносите ќе почнат од трката за големата награда на Бахреин, на 8 април, а по неа ќе следат уште 19, засклучно со 25 ноември, кога ќе се вози во Абу Даби. Телевизија 24 ќе биде четвртиот македонски канал по МРТ, Канал 5 и Алфа, која некогаш пренесувала трки од Формула 1.