Клои Кардашиан – првиот моден успех со брендот “Good American”
Клои Кардашиан ги разочара сите кои мислеа дека нејзината модна колекција ќе доживее фијаско. Крајот на Октомври оваа година, најмладата сестра Кардашиан излезе со колекција на фармерки под називот “Good American”.
Тука се работи за колекција на фармерки за жени со големи облини, по цена од 140 до 210 американски долари на парче, со што Клои одма на почеток ги воодушеви нејзините обожавателки. И после се, Клои со својата линија направи вистински моден рекорд, и тоа оној за најуспешно лансирана колекција на фармерки во историјата на модата.
Клои и нејзината бизнис партнерка Ема Гред само првиот ден заработиле неверојатни еден милион долари од продажба, што е и повеќе од доволно за поставување на рекорд.
Официјален сајт: Good American
Photo: Good American Instagram