Кендал и сестрите Хадид во новата Burberry кампања | Trendseteri
Menu

Кендал и сестрите Хадид во новата Burberry кампања

Бурбери кампања за сезоната пролет/лето 2020

 

Британската луксузна куќа Бурбери тукушто ја објави новата кампања во која главни ѕвезди се едни од најбараните модели на денешницата. Станува збор за Кендал Џенер, Бела и Џиџи Хадид кој носат парчиња од најновата колекција на Бурбери за сезоната пролет/лето 2020.

Позадината на фотографиите е специјално дизајнирана се со цел да одговара на препознатливата беж нијанса на Бурбери, а за самите фотографии е заслужно холандското дуо Inez & Vinoodh.