Сензационален изглед на Кејт Мос | Trendseteri
Menu

Сензационален изглед на Кејт Мос

Новата кампања на Zadig & Voltaire

 

Соработката помеѓу Кејт Мос и брендот Zadig & Voltaire е веќе испробан рецепт за успех уште од минатата година, затоа и не не изненадува фактот што француската модна куќа повторно ја ангажираше преубавата Кејт за најновата кампања.

Фотографиите кои ги потпишува модниот фотограф Фред Мејлан се доказ дека Кејт дури и на 45 години сеуште ја има својата убавина и магија во себе.

Z&G е основан во 1997 година од страна на Тиери Гилиер и со нешто повеќе од 20 години постоење бележи голем успех во модниот и beauty свет, посебно со нивните популарни парфеми. Со обзир дека нивните колекции често се инспирирани од Рок музиката, рокерскиот имиџ на Кејт се покажа како совршен.