Карирано повторно Ин | Trendseteri
Menu

Карирано повторно Ин

Незаменлив тренд – кариран принт

 

Карираниот принт на голема врата се врати во тренд и ги освојува дамите оваа сезона. Магијата на неговата убавина е токму во едноставниот, но софистициран изглед што ја овозможуваат аутфитите со ваков принт.

Карираниот мантил ќе го освежи секој ваш стајлинг. Облечете се бело од глава до пети и на сето ова додајте мантил со кариран принт. За момент ќе направите одличен аутфит.

Кариран фустан во комбинација со блуза со ролка изгледа одлично.

Карираните фустани и чизми се класика која секогаш освојува. Овој принт одлично одговара со длабоки чизми. На сето тоа додадете и бунда и ќе бидете совршени.

Знаеме дека сите “полудеа” по оделата оваа сезона, па уште ако тоа биде со кариран дезен, вашиот стајлинг ќе биде полн погодок.

Фармерки и карирано сако се феноменален избор за опуштени прилики.