Кампања за долен веш без Фотошоп | Trendseteri
Menu

Кампања за долен веш без Фотошоп

Моделите се прикажани во природно издание, без да се ретушираат фотографиите


„In The Style“ ја пушти во продажба новата линија на долен веш, наменета за Денот на вљубените. Она што ги воодушеви луѓето ширум светот е тоа што оваа кампања за долен веш е без фотошоп, односно манекенките се прикажани во вистинско светло, без ретуширање на фотографиите.

Истакнаа дека намерно ги прикажале сите неправилности кои може женското тело да ги има, за да покажат дека тоа е сосема нормална појава.
На манекенките јасно се гледаат белези, стрии, младежи и се она што е составен дел од една жена.
  • Вистинско освежување е да се види како долниот веш стои на реално женско тело.
  • За некој што се породил пред 4 месеци ова е феноменално, ви благодарам што направивте да се чувствувам нормално.
Тоа се само некои од бројните коментари кои жените ги упатија на оваа кампања.
Оваа кампања е смислена да им прати порака на жените да се сакаат себе како и да изгледаат.
 
„Во време во кое сме бомбардирани со фотографии од совршени жени кои им праќаат порака на обичните жени дека не се доволно добри, ние сакаме да им пратиме порака дека никој не треба да се разубавува. Вие сте веќе совршени!“ – рекоа од „In The Style“.