Какви фармерки ќе носиме оваа пролет? | Trendseteri
Menu

Какви фармерки ќе носиме оваа пролет?

6 трендови кои ќе доминираат на улиците

 

Многумина од нас не можат да си го замислат секојдневието без фармерки. Фармерките се класика која никогаш не излегува од мода и дел од речиси сечиј гардеробер. Секоја сезона се појавуваат нови модели кои за краток период ги окупираат улиците и социјалните мрежи, па така ќе биде и оваа пролет која доаѓа. Единствена работа што не е променета е високиот струк кој сеуште е ин.

 

Фармерки со palazzo крој

 

Фармерките со висок струк и А-крој ногавици се едни од најголемите модни хитови во топлата сезона која доаѓа. Овој модел на фармерки се одликува со елеганција и совршено се вклопува со романтични блузи и сандали со високи потпетици.

Класичните skinny jeans

 

Главна причина зошто овие модели се сеуште во мода е тоа што се практични, едноставни за комбинирање, одлично стојат со убаво скроени сакоа, широки пуловери или маички со интересни принтови. 

Испрани ретро фармерки

 

Многу е извесно дека испраните старомодни фармерки ќе бидат хит што често ќе го гледаме во уличниот стил. Доколку не сте љубители на белите фармерки (кои исто така ќе бидат во тренд оваа пролет) поиграјте се со супер светлите фармерки и ќе изгледате ретро и кул.

Фармерки кои се врзуваат на половината

 

Овој модел на фармерки ќе биде апсолутен хит во пролетната сезона. Мек материјал, опуштен крој, висок струк, совршени за модерен street style изглед.

Широки фармерки

 

За сите оние кои skinny фармерките им се преку глава имаме одлична вест: Широките фармерки стапуваат на сцена во пролет. За лежерен, удобен и истовремено модерен аутфит.

Ѕвонарки

 

Иако трендовите се менуваат неверојатно брзо, голем дел од нив, одвреме-навреме се враќаат на модната сцена. Еден од омилените трендови што се враќаат се и ѕвонарките. Љубителите на ретро стилот ќе бидат воодушевени од враќањето на овој тренд. Со овој модел никогаш нема да погрешите.