Какви бунди носат светските трендсетерки? | Trendseteri
Menu

Какви бунди носат светските трендсетерки?

Омиленото парче во секоја зимска сезона

Секоја зимска сезона се враќаме на нашето омилено парче облека во која секогаш ќе изгледаме кул и тренди, а притоа не заштитува и од студената зима. Удобни, меки, топли… Станува збор за бундите.

Како што веќе ни е познато, секоја сезона трендовите се менуваат, и судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, светските модни трендсетерки оваа зима ќе носат најразлични модели и бои на бунди.

Мегапопуларни се теди моделите, долгите oversized бунди, леопард бундите, класични црни или пак впечатливи бунди во виолетови нијанси како индиго сината, црвената или жолтата боја.

Се чини дека оваа зима нема некои посебни стилски правила, така да слободно можете да експериментирате со комбинациите. Оваа сезона се ви е дозволено.