Како патуваат најбогатите | Trendseteri
Menu

Како патуваат најбогатите

Како летаат најбогатите

 

Може да биде хотел со пет ѕвезди, но тоа е всушност ЕРБАС А330 ВИП, палатата што лета вредна неверојатни 200 милиони долари. Овој авион е опремен од “Comlux”- швајцарска фирма специјализирана за дизајн на големи луксузни авиони. Приватните авиони доаѓаат во сите облици и големини и нивната побарувачка се повеќе се зголемува поради драматичен пораст на бројот на милијардери и мултимилионери.

Најголемите производители на авиони имаат корпоративни верзии на нивните најпродавани авиони, како што се Боинг Бизнис Џет (BBJ) и нивниот европски ривал ЕРБАС (ECJ). Најпопуларни верзии на овие два бренда се ЕРБАС А320 и БОИНГ 737, како и поголемите ЕРБАС А340 и БОИНГ 747. Во моментов има 300 ВИП авиони кои летаат низ целиот свет. Некои од нив припаѓаат на владите, кои ги користат шефови на држави за да летаат низ целиот свет. Луксузниот ЕРБАС А330 има капацитет да собере 60 луѓе кои удобно ќе бидат сместени и е во состојба да издржи 17 часа во воздухот без дотур гориво.