Како да не се прејадуваш: 5 совети што функционираат | Trendseteri
Menu

Како да не се прејадуваш: 5 совети што функционираат

Како да не се прејадуваш: 5 совети што функционираат

 

 

Јадење помали количини на храна, очигледно е клучна стратегија за губење килажа. Но, да си ветиш на себе дека ќе јадеш помалку е многу нејасна цел. Она што ти треба се конкретни цели и чекори кои ќе те донесат до таму.

За да го решиш било кој проблем — како што е во случајов да јадеш помалку — прво треба да ги решиш причините што те тераат да јадеш повеќе. Не можеш да јадеш помалку ако не знаш зошто јадеш повеќе. Еве кои се најчестите причини што ни прават да јадеме повеќе од што треба — и некои решенија што ќе ни направат да јадеме помалку.

Проблем 1: Јадеш премногу затоа што си расеан

Ова е една од најчестите причини зошто луѓето се прејадуваат. Многу често многу од нас знаеме да јадеме додека работиме пред компјутер, додека возиме, додека се дружиме со пријатели или додека гледаме телевизија. Најчесто губиме осет за количината што ќе ја изедеме и воопшто што јадеме.

Решение: Одвои 10–20 минути за да јадеш — не се лажи себе дека можеш да го правиш тоа додека правиш и било што друго. Фокусирај се само на храната, нејзиниот вкус, мирис и количината што ќе влезе во желудникот. Сервирај си секогаш во чинија и пушти можеби музика, но не и телевизија.

Проблем 2: Јадеш премногу затоа што си ставаш голема количина во чинијата

Најголем дел од нас не знаат да остават нешто во чинијата. Секогаш јадеме се’ што ни е сервирано и во многу случаеви ќе си сервираме или ќе купиме многу поголема количина на храна од она што реално ни треба за да се најадеме.

Решение: Пробај стави си 20% помалку храна во чинијата од вообичаеното. Или пак користи помала чинија во која јадеш. На прва не изгледа дека ќе се најадеш доволно, но види што ќе се случи 10 минути откако ќе ја изедеш порцијата.

Проблем 3: Јадеш премногу затоа што се прегладнуваш

Огладнување се случува затоа што воопшто немаме некаков начин на исхрана и живееме со стратегија “пијам вода кога сум жеден и јадам ако огладнам”. Исто така прегладнување доаѓа со стратегијата скокање на оброци со цел да издедам помалку. И во двата случаеви најчесто прегладнувате и се прејадувате кога ќе имате шанса за јадење.

Решение: Не треба по секоја цена да јадеш како навиен и да имаш аларми за оброци, но можеш да најдеш време помеѓу 3тиот и 4тиот час од последниот оброк за да имаш некаква здрава ужинка. И тоа, најдобро е да биде протеинска за следниот оброк да го дочекаш без огромна желба за јадење.

Проблем 4: Јадеш премногу затоа што си под стрес

Проблемот со јадење поради стрес е со дупла камата. Од една страна јадеш премногу и тоа најчесто е junk food, а од друга страна тоа воопшто не ти помага да го снемаш стресот. Затоа мораш да најдеш друг начин да се соочиш со стресот.

Решение: Кога си свесен дека сакаш да посегнеш по храна поради емоционала дестабилизација, а не затоа што не си јадел пробај да си ги препознаеш емоциите и дури запиши си на лист што чувствуваш. Најчесто тоа се бес, анксиозност или страв, неизвесност, вина, фрустрација, срам, сомнеж, љубомора, тага. Кога ќе ги препознаеш емоциите и ќе ги видиш од страна најчесто и ќе исчезнат. Или пак, јави се на пријател, оди на прошетка сам со музика, направи си чај или легни и диши и издишувај длабоко без да размислуваш на ништо. Исклучи мозок! Не е ништо страшно да си осамен. Тоа не значи дека си сам и единствен и само тебе ти се случува. Секогаш има и полошо. Се додека срцето ти чука, ти си среќна личност.

Проблем 5: Јадеш премногу затоа што јадеш пребрзо

Брзите јадачи како мене ова го знаат многу добро. За да дојде сигнал до мозокот за исполнетоста на желудникот потребни се некои 20 минути. Проблемот тука е што често тие што брзо јадеме за 20 минути можеме да изедеме неверојатна количина на храна. Тогаш веќе е доцна.

 

The Better Nutrition