Како да ги испланираш твоите оброци едноставно | Trendseteri
Menu

Како да ги испланираш твоите оброци едноставно

Како да ги испланираш твоите оброци едноставно

 

 

 

 

Чувајте си брзи, здрави рецепти што ќе може да ги приготвувате. Едноставни и хранливи рецепти многу лесно ќе најдете во готвачи, списанија и на интернет. Кога имате повеќе рецепти на избор, може да ги ротирате неколку недели и вечерите нема да ви бидат премногу еднолични.

  • Секогаш имајте здрави намирници при рака. Во замрзнувач чувајте овошје, зеленчук и морски плодови, а во шпајз интегрални житарки, грав, домати и туна во конзерва, пилешки или зеленчуков бујон, зачини и билки. Овие намирници ви се основата на здрава супа, манџа или тестенини што се приготвуваат за секунда.
  • Олеснете си. Наместо свеж зеленчук може да користите замрзнат, а со практични готови продукти како што се измиена зелена салата или исечкан зеленчук може многу да си го скратите времето за приготвување на оброкот. Време ќе заштедите и со печено пиле или со зачинето месо спремно за готвење.
  • Два оброка со една подготовка. Ако за некој рецепт ви треба половина главица сечкан кромид или половина бабура, не застанувајте кога ќе исечкате половина од кромидот или бабурата — продолжете да сечкате и другата половина складирајте ја за друг ден. Кога пржите мелено мисиркино месо за сос за шпагети, испржете малку повеќе за да имате за во тако или за во полнети пиперки наредниот ден. Пригответе поголема количина интегрален ориз или киноа и замрзнете ги за некој друг оброк. Житарките не ја губат влажноста и може да се загреваат во микробранова печка.
  • Во оброците од едно јадење обично се комбинира и протеин, и зеленчук и скроб. Ваквиот вид оброци се здрави, урамнотежени и имате многу помалку тенџериња и тавчиња за миење.

 

Ако добро се организирате и испланирате оброци за неколку дена, животот многу ќе ви се олесни. Изберете рецепти и потоа може да си направите список за пазарување за цела недела. Кога ќе си направите мени и кога ќе имате намирници при рака, битката со планирање на оброците ви е речиси освоена.