Како да бидете здрави кога патувате
Ќе одите на некое убаво место? Да се ужива во одморот не значи да им се препуштиме на нездравите навики. Еве кои 5 чекори ви ги препорачувамe за да останете во добар правец:
1. Пристигнете одморени
Ако сакате да бидете активни на одмор и да избегнувате стрес, што често не’ тера да посегнуваме по нездрава храна, важно е на дестинацијата да стигнете опуштени. Тампони за уши, маска за очи, перниче за врат, специјални чорапи доколку летате ќе ви го направат патувањето попријатно и ќе ви помогнат да се чувствувате одморено и да бидете полни со енергија кога ќе пристигнете.
2. Испланирајте физички активности
Внимавајте да не си кажете ‘сум отишол да се одморам, не да се мачам’. Вежбањето не е казна затоа не заборавајте да ја спакувате опремата за вежбање. Облеката за вежбање е практична и малку тежи, дури нешто може да носите додека патувате за да ви биде удобно. Пред да тргнете, разгледајте некои рути за трчање или видете дали хотелот има фитнес сала, а физичката активност нека ви биде дел од одморот на тој начин што ќе го истражувате местото пеш или со велосипед.
3. Имајте контрола врз храната
Храната по аеродроми, автобуски, пумпи и слично обично е преполна со нездрави висококалорични состојки, па спремете си практична храна со контролиран број калории што може да ја јадете кога сте во движење, на пример, здрави протеински барови или овошје и јатки итн.
4. Пијте вода во изобилство
Одржувајте ја хидрацијата на телото додека патувате и во текот на целиот одмор за телото да функционира како што треба. Не заборавајте: ако вежбате и/или се потите на повисоки температури ќе треба да пиете течности и повеќе отколку што вообичаено пиете.
5. Нема оправдувања: вежбајте секаде!
Со 15 минути вежбање секој ден додека сте на одмор не само што ќе останете во колосек кон постигнување на своите цели, туку и ќе се чувствувате поубаво и повеќе ќе можете да уживате во малите задоволства. Различни вежби може да ги правите секаде, во секое време, и за нив воопшто не ви треба опрема. Повторувајте ги колку пати сакате и не заборавајте да се истегнете пред и по вежбање.
The Better Nutrition