Кај Ријана вишокот килограми не се проблем! | Trendseteri
Menu

Кај Ријана вишокот килограми не се проблем!

Поп дивата со гордост ги истакна своите облини

 

На промоција на нејзината козметичка линија, Ријана се појави во провокативно издание и на сите им даде до знаење дека баш и е гајле за вишокот килограми, за што во последно време беше критикувана.

Ријана искомбинира прекрасен предимензиониран капут и мини џемпер-фустан, двата во портокалова боја.

За ваков модел на фустан, кој повеќе открива отколку што покрива, е потребна голема храброст. Но Ријана е храбра девојка која знае да се носи со секој стил.

Златните чизми и големите обетки го совршено го надополнија нејзиниот стајлинг.

Иако во последно време фановите ја критикуваат поради вишокот на килограми, се чини дека дивата не обрнува многу внимание на сето тоа, таа одлично се чувствува во нејзината кожа и планира да си ја задржи оваа килажа.