Кафуле во Лондон прави уникатно капучино – “селфичино” | Trendseteri
Menu

Кафуле во Лондон прави уникатно капучино – “селфичино”

Кафуле во Лондон прави уникатно капучино – “селфичино”

 

 

Кафулето “Тhe Tea Terrace” во Лондон стана првото место во Европа каде што потрошувачите можат да се напијат “селфичино” (Selfieccino) – односно кафе или топла чоколада на чија пена е отсликан вашиот лик, пренесува Reuters.

Ликот на „селфичиното“ се прави така што преку апликација за размена на пораки на барменот му испраќате селфи и потоа избирате вашиот лик да биде отсликан на кафето, односно топлата чоколада. Фотографијата потоа се испраќа до ,,čino” машина над чашата со избраниот пијалак. Фотографијата се скенира и се репродуцира на пената со помош на прехранбени бои.

 

Процесот трае околу 4 минути. Пред да се стави на пената фотографијата се поставува на социјалните мрежи. Едно „селфичино“ чини 6,50 евра.

“Се се промени поради социјалнтие мрежи. Не е доволно на клиентите да им се понуди само добра храна и добра услуга, тоа мора се да биде достојно на објавувањето на Instagram” вели сопственикот на “The Tea Terrace”, Ехаб Салем Шаули. Досега се продадени повеќе од 400 “селфичина” од неодамна, кога за прв пат беше воведен во понудата.