Кафето е здраво доколку се конзумира правилно | Trendseteri
Menu

Кафето е здраво доколку се конзумира правилно

Како да го направите кафето поздраво?

 

Денот без кафе за голем дел од нас е незамислив. Без разлика дали е еспресо, капучино, домашно варено кафе или нес-кафе, кафето е составен дел од нашиот ден.

Кофеинот претставува природен стимуланс кој наутро ни ги отвара очите и не прави поенергични, но доколку не го конзумираме правилно или претераме со него, ефектот е спротивен.

Затоа нутриционистите имаат решение и за тоа.

Додајте во кафето природни ароми.

 

Доколку сакате да додадете во кафето некоја арома, најдобро е таа арома да биде потполно природна. Како екстракт од ванила или можеби цимет. Докажано е дека циметот го регулира нивото на шеќер во крвта и холестерол и го намалува ризикот од срцеви болести

Избегнете засладувачи

 

Ако пиете слатко кафе, подобар избор е бел или кафеав шеќер отколку засладувачите кои немаат калории. Засладувачите можат да доведат до гастротестинални тегоби. Ќе се сложите дека подобро е да внесете малку калории отколку да си го нарушите здравјето. Најдобра опција е лажичка мед, наместо шеќер.

Грицнете нешто додека пиете кафе

 

Избегнувајте да пиете кафе на празен желудник. Земете некој интегрален кекс додека го пиете првото кафе. За некои луѓе пиењето кафе на празен стомак е премногу остро и кисело.

Наместо полномасно млеко, додајте исклучиво бадемово или кокосово млеко

 

Додавање на обично млеко исто така може да создаде дополнителни тегоби на стомакот. Доколку млекото е неизоставен дел од вашиот ритуал на пиење кафе, најдобро е да додадете бадемово или кокосово млеко. Тоа е одличен извор на витамин Б1, Б2, витамин Е и магнезиум. И содржи помалку од половина калории во споредба со кравјото млеко.

Кафето е одличен напиток пред тренинг

 

Ако ви е потребна дополнителна сила, кафето е вистинскиот избор за тоа. Ќе ве направи енергични за добар тренинг.

Кафето секогаш пијте го топло

 

Само топлото кафе може да ослободи повеќе антиоксиданти.

И за крај, најдобро е да го конзумирате кафето во разумни количини. 1-2 кафиња на ден е оптималната доза. И избегнувајте да пиете кафе после 15 часот бидејќи кофеинот може да ви го наруши сонот.

На здравје кафе.