Кафеави балетанки - Тренд за оваа есен | Trendseteri
Menu

Кафеави балетанки – Тренд за оваа есен

Со тренди балетанки да ја пречекаме оваа есен


Иако со тешко срце ќе го напуштиме летотот, има нешто што многу го очекуваме – кафеавите балетанки!

Без обзир дали се од превртена или мазна кожа, или упадливи лаковани. Со кафеавите балетанки ќе бидете во тренд оваа есен.


Ова се моделите кои ќе ги носат трендсетери ширум светот.


Кафеави балетанки со шпицаст врв

Нема само чизмите со шпицаст врв ќе бидат ин оваа есен. И балетанките со шпицаст врв ќе бидат моден хит. Не само што се елегантни, тие и ви го стеснуваат и издолжуваат стапалото со што ќе изгелдате грациозно. 

Внимавајте при големо стапало балетанките да не бидат преотворени, бидејќи ќе се соочите со контраефект. Стапалото ќе изгледа широко.

Комбинирајте ги за деловниот дел од денот со црни фармерки и сатенска бела кошула.

За попладневото кафе комбинирајте ги со едноставен сатенски фустан со тенки прерамки.


Класични кафеави балетанки

За секоја пригода и многу удобни. Посебно оние модели со убава тока ќе бидат апсолутен тренд.

Комбинирајте ги со темносини фармерки, убав и лесен џемпер и отворена кожна јакна.