Кафе клуб “People”- мост до ново урбано живеење во Гостивар
На големо задоволство на сите млади луѓе кои сакаат да уживаат, овој викенд во Гостивар се отвори новиот кафе клуб “People”, кој е уникатен по својот изглед и програма во градот и нуди едно поинакво просторно искуство. Ентериерот е во супер-модерен стил претставен во повеќе бои и нијанси и нуди прекрасен топол амбиент и прекрасно место што го поврзува секојдневието на младите луѓе со магијата на ноќните забави.
Релаксирачката дневна “кафе-шема” измешана со пријатните звуци на убава квалитетна музика ви го разведруваат умот и квалитетно ви го разубавуваат слободното време, додека ноќите се во полн сјај со уникатните журки со врвни Dj, пејачи, бендови во живо. Кафе клубот “People” се наоѓа во близина на судот во Гостивар. Повелете!