Јована Трајковска - трендсетерка со стил | Trendseteri
Menu

Јована Трајковска – трендсетерка со стил

Новата ѕвезда е на повидок

 

На спектакуларниот настан “Инфлуенсер на годината” кој беше организиран од “Убавина и здравје”, присуствуваа голем број познати личности од различни области, манекенки, водителки, млади инфлуенсерки.

Покрај сите ѕвезди на настанот, нам најмногу ни го провлече вниманието една млада девојка, инфлуенсерка, Јована Трајковска.

Јована како вистинска божица на убавината блесна во проѕирна тоалета украсена со светкав материјал, чија креација е дело на Ива Спасовска. 

21-годишната дама го дополни својот стајлинг чокер огрлица со кристали, а нејзините долги сиви светкави чизми совршено се вклопија во нејзината комбинација.

Гламурозен, софистициран и префинет стил. Новата ѕвезда во светот на модата е на повидок.