Хоакин Феникс спаси крава и теленце од кланица | Trendseteri
Menu

Хоакин Феникс спаси крава и теленце од кланица

Актерот со големо срце

 

Оскаровецот во главната улога на “Џокер”, кој е веган и борец на правата на животните, еден ден по Оскарите, ги спасил кравата Либерти и нејзиното мало новородено теленце Индиго од страшната судбина која ги чекала во кланицата Manning Beef – да завршат во нечиј оброк.

Хоакин ќе се погрижи овие животни да си живеат во слобода, каде што им е местото – на фарма.