Film Independent Spirit Awards 2020
Џенифер Лопез повторно не воодушеви со нејзиниот изглед, овој пат на “Film Spirit Awards” кој се одржа во Санта Моника, Калифорнија. Пејачката носеше стилизирано виолетово здолниште, светкаво боди и сребрен појас на половината, а нејзиниот стајлинг го надополни со два дијамантски прстени и обетки и виолетова чанта.