Дали имате храброст да поставите селфи и гордо да напишете: без филтер, без шминка? JLo секако дека има.
JLo има фантастични 50 години, две деца, кариера која трае повеќе од три децении, години работа, многу проекти, а од 1997 година целиот свет дознава за неа.
Од тогаш па до денес JLo многу повеќе се насочи кон музиката, а единствено што е променето на неа е нејзината боја на коса.
Сметаме дека 50 годишната пејачка сигурно пази што јаде, како живее, вредно тренира и уште повредно се одрекува од се и сешто, но сосема е сигурно дека познава и многу добри естетски хирурзи.

Меѓутоа нас не интересира, за сега, како го постигнува тој свеж „nomakeup“ изглед и изгледа толку добро.
И овој рецепт е прилично едноставен, но во него сепак се наоѓа малку шминка, а тоа е и очигледно.
Малку руменило со боја на праска и малку суво масло за лице. Тоа е се и тоа вистински ќе ви ги даде посакуваните резултати за свеж изглед.