Со прекрасен аутфит ја потврди титулата за модна икона
Низ годините Џеј Ло се има појавено во многу неверојатни и незаборавни аутфити, па заслужено таа ја доби наградата за модна икона.
„Jennifer Lopez“ ја доби наградата за модна икона на CFDA модните награди, а на црвениот тепих во Њујорк се појавија уште многу стилски ѕвезди.
За најголемиот моден настан, JLo беше облечена во дводелна црвена креација на „Ralph Lauren“, која ја комбинираше со црвена чанта и црвени сандали.
„JLo“ им се заблагодари на сите дизајнерски куќи како „Oscar de la Renta“, „Versace“, „Dolce and Gabbana“, „Gucci“, кои ѝ овозможиле да заблеска во нивните креации низ годините, комбинирајќи улична и висока мода.
Покрај нив, пејачката им се заблагодари на нејзините деца, како и на вереникот Алекс, кој е постојано покрај неа и го гледа како најголема поддршка, бидејќи според неа, прави да се чувствува како најубавата личност во светот.

