Џеј Ло ја открива тајната за беспрекорен стил | Trendseteri
Menu

Џеј Ло ја открива тајната за безпрекорен стил

3 нешта кои секоја жена треба да ги има во својот гардеробер

Џенифер Лопез дефинитивно е инспирација за повеќето жени. Секојдневните модни комбинации што таа ги избира, никого не може да остави рамнодушен.

Иако нејзиниот гардеробер е преполн со облека, дури и на неа и се случува да нема инспирација што да облече за денот кој следи. Меѓутоа, кога тоа и се случува, Џеј Ло има еден мал трик, односно игра на сигурна карта. Ги избира комбинациите со кои нема грешка.

Доколку сакате да бидете спремни за вакви моменти, овие 3 нешта морате секогаш да ги имате во вашиот гардеробер.

Очила за сонце

“Сите мои очила за сонце ги избирам во зависност од моменталното расположение. Можат да се комбинираат со било што, без разлика дали носам облека за вежбање или нешто гламурозно”, вели Џеј Ло. Секогаш се одлучува за големи и впечатливи модели.

Накит

“Кога ми се чини дека мојот стајлинг не е доволно ефектен, во тој случај додавам некој накит и веднаш изгледам подобро. Најчесто избирам накит во златна боја”. Нејзиното правило во овој случај гласи: “што повеќе – тоа подобро”.

Капут

Џеј Ло знае дека квалитетен капут е инвестиција што секогаш се исплаќа. “Добар крој на капут е задолжителен во зима”. Изберете модел кој не е премногу елегантен, па така ќе можете да го комбинирате со се. Одлично ќе се вклопи во лежерна комбинација, но и за поелегантен стајлинг.