Создадени за елегантни стајлинзи
Штиклите на Jimmy Choo се едни од најпосакуваните парчиња кај жените, а сега веројатно желбите уште повеќе ќе се зголемат бидејќи популарниот моден бренд има нова колекција и секој модел изгледа прекрасно.
Jimmy Choo излезе со кампањата “In My Choos” во која главната улога ја има британската манекенка Rosie Huntington-Whiteley и, секако, чевлите од новата resort 2020 колекција. Сите модели се како создадени да го дополнат елегантниот стајлинг за свечени прилики.
Колекцијата се состои од прекрасни сандали украсени со кристали, машнички, перли од бисери и супер тенка потпетица и секој пар изгледа бескрајно елегантно и префинето.
“Моето златно правило е дека се се врти околу штиклите. Класичниот мал црн фустан во комбинација со прекрасни високи потпетици е сосема доволна да имате стајлинг кој привлекува погледи, без разлика дали се работи за коктел забави или свечена вечер”, изјави Роси.
Jimmy Choo високите штикли од новата колекција сигурно припаѓаат во таа категорија.