Мини јахтата „Jet Capsule“ ќе плови и во Охридски води
Најновиод вид на пловење е повеќе отколку само движење по вода. Со „Jet Capsule“ создаде италијанската компанија една мини јахта која е достапна и за оние кој немаат милиони евра на сметка.
Со должина од 7,25 и ширина од 3,40, „Jet Capsule“ може да се број во фамилијата на јахтите кој постигнува со 370 кс, брзина од 65 км/ч. Погонот е, како што кажува името, со 2 млазни турбини.
Креаторите на „Jet Capsule“ нудат моментално 4 вида на мини-јахтата. „Limousine“, за општо користење и повеќенаменски потреби. „Taxi“, за превоз и кратко крстарање за 12 особи. „Private“, за фамилијата и „Classic“, наменета за службени состаноци во друга атмосфера.
За каков модел вие ќе се одлучите е прашање на вкус и потреба. Но доколку се одлучите за набавка на една ваква мини-јахта, бидете сигурни дека ќе бидете прав трендсетер во наредната летна сезона.
Фирми како н.п. „Red Bull“ веќе ја препознале појавата на „Jet Capsule“, која привлекува погледи и внимание и ја користат за промотивни цели.
Погледнете ја галеријата и видеото