Денес омилена актерка, но со 15 години преживеала киднапирање, психичко пореметување и осуди заради изгледот
Преубавата Џесика Алба важи за една од најпрефинетите и најскромните актерки во Холивуд. Иако секогаш зрачи со позитивна енергија, нејзиниот живоот воопшто не бил лесен. Заради своето тешко детство, актерката се одлучила за живот далеку од очите на јавноста.
Со само 15 години оваа актерка била киднапирана, поминале повеќе од 14 часа откако е пронајдена врзана во гепекот во еден автомобил. Случајот никогаш не е расчистен до крај затоа што Џесика одбивала да одговара на прашањата за киднапирање на полицијата.
Но овој случај не е единствената траума од нејзиното детство.
Таа била сериозно болна како дете, имала астма, пневмонија повеќе пати секоја година, патела од хиперактивност и опсесивно-компулсивно пореметување.
Порасната е во многу строго католичко семејство кое не поддржува интимност пред брак.
Во тинејџерскте денови Џесика излегувала со дечковци но никогаш не била интимна со нив.
Сегашниот сопруг го запознала на снимање на филмот „Fantastic Four“ во 2004 година, а се венчале во 2008 година и набрзо го добиле нивното прво дете.
После тоа Џесика се повлекува од јавноста, а од 2012 година има само една голема улога.
Сега таа има сопствена компанија и е мајка на три деца.
Нејзината компанија сега вреди милијарда долари, а актерката е четврта најплатена актерка во светот со плата од 270 милиони фунти, пред неа се Сандра Булок, Џејн Фонда и Анџелина Џоли.
Меѓутоа и покрај големото богатство и кариера, Џесика најмногу ужива во нормалниот начин на живот, а на нејзината приоритетна листа на прво место е нејзиното семејство.