Џенифер Лопез - фитнес инспирација | Trendseteri
Menu

Џенифер Лопез – фитнес инспирација

Знаете ли кога е идеално време за почеток драги наши трендсетерки?

 

Доколку ви недостига фитнес инспирација и мислите дека е невозможно да создадете совршена фигура, односно најдобрата верзија од себе си, оваа жена ќе ви докаже дека сето тоа е возможно.

Кога се сака, сé се може. Погледнете ја Џенифер Лопез. Има 50 години, а на изгледот можат да и подзавидат и девојки кои се двојно помлади од неа. На што се должи тоа? Здрав начин на живот, дисциплина и не ги кршете правилата. Тоа може да направи чуда во вашиот изглед и самодоверба.

Секако, доволно е на почетокот да сте активни неколку пати во неделата, но зарем треба да се задоволите со малку? Почнете постепено и зголемете на интензитет и вежбајте со поголема тежина. Верувајте, тоа нема да ве направи набилдани како што си замислувате. За таков резултат потребен е посебен режим.

Првично што треба да направите е да ја донесете одлуката. Скршете го мразот веќе. Поставете си цели направете се тие цели да бидат реалност. Мотивацијата ќе дојде кога најмалку очекувате. Кога ќе ги видите првите резултати на себе, тоа ќе ве инспирира уште повеќе. Зошто е многу важна дисциплината? Бидејќи мотивацијата како што доаѓа и се полни, така и се празни. И кога мотивацијата ќе ја снема, дисциплината е таа што ќе ве натера да отидете на тренинг денес. И следниот резултат што ќе го постигнете повторно ќе ја наполни вашата мотивација. Бидете дисциплинирани, не мотивирани.

Знаете ли кога е идеално време за почеток драги наши трендсетерки? – Во овој момент, сега!