Џенифер Лопез - 50ка | Trendseteri
Menu

Џенифер Лопез – 50ка

Џенифер Лопез го прослави својот 50. роденден, а поатрактивна не била


Атрактивна, сексапилна, витка, пејачка и актерка – Џенифер Лопез

Иако вчера го прослави својот 50. роденден, таа сè уште изгледа младо како во првите спотови што ги сними на почетокот од својата кариера. Џенифер Лопез продолжува да ги привлекува погледите и да импресионира со фигурата и стасот, иако официјално влезе во шестата деценија од животот.

Секојпат кога медиумите ќе ја прашаат за совети за беспрекорен изглед без брчки и траги од стареење, таа им кажува дека редовно се мачка со крем за заштита од сонце и секоја ноќ се обидува да спие осум до десет часа.