Како Џеф Безос станал најбогатиот човек во светот? | Trendseteri
Menu

Како Џеф Безос станал најбогатиот човек во светот?

Џеф Безос – сопственикот на “Amazon.com”

Џеф Безос е американски претприемач, основач и извршен директор на компанијата за трговски услуги “Amazon.com”, сопственик на медиумската куќа “Washington Post” и основач на компанијата за истражување на вселената “Blue Origin”.

Дипломирал на факултет за математички и електротехнички науки 1986 а веднаш потоа се вработува на Wall Street.  За само 4 години станува потпретседател. Можел да остане на Wall Street до крај на својата кариера, да не бил фасциниран со фактот дека интернетот до 1994 година растел по стапка 2300% на годишно ниво.

Иако сите најблиски во семејството и пријателите го убедувале да се откаже од својата намера да биде претприемач и да си ја задржи сигурната работна позиција, тој сепак се одлучил за интернетот. Неодамна после тоа го основа Amazon. Составил листа од 20 можни производи што би ги продавал онлајн. На крај се одлучил за продажба на книги. Во 1995 година со неколку вработени во својата гаража почнал да го развива софтверот за Amazon.

За само неколку месеци успешно реализирал продажба на книги низ цела Америка и уште 45 странски држави. Додека во тие години, многу фирми пропаѓале поради економската криза, Амазон бележел невиден раст.

Заработката од 500 000 долари во 1995 година пораснала на 17 милијарди долари во 2011 година. Сега оваа компанија продава сè што можеме да замислиме. Во 2018 вредноста на неговата компанија е проценета на 150 милијарди долари, правејќи го најбогат човек во светот.