Јана Бурческа блесна со нејзиниот настап на Евровизија
Нашата претставничка на овогодинешниот Евросонг, Јана Бурчевска трета по ред од 18 полуфиналисти, вечерва имаше одличен настап на втората полуфинална вечер. Динамична, распеана, позитивна Бурческа одлично ја претстави Македонија.
Посебно внимание привлече и најавното видео во кое Јана открива дека е бремена.
Освен Македонија, на втората полуфинална вечер ќе настапат и Австрија, Србија, Малта,Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија,Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.
Во продолжение погледнете го нејзиниот настап: