Јака штикла: Fashion Week како да е рикверц во времето | Trendseteri
Menu

Јака штикла: Fashion Week – Skopje

 Јака штикла: Fashion Week – Skopje како да е рикверц во времето

 

Добивам културен меил од организаторите на Fashion Week во Скопје, па една вечер се наканив да појдам, колку да ги испочитувам и секако да видам до кај сме со модните збиднувања. Му се јавив на Спаски и двајцата онака лефтерно се избацуеме во хотелот „Marriott“.

Пред тоа имавме некој состаноци па Спаски ми вика како ќе одиме вака кога не сме упицнети. Јас како да знаев и му велам „И вака таму ќе бидеме ултра фенси“.

Ја во милитари лоок, а Спаски во тренди фармерчиња, кошула карирана околу појас и куса јакничка на Гес. Се избацуеме така ние и добиваме културен шок.

Тетки, стринки, мрсни коси и мода као да сме во некое од нашиве села. Прво секој се тепаше да седне во прв ред, второ на столчињата освен рекламен материјал имаше и кокси од спонзорите и вино кое требаше сами да си го платиме. За две полу празни чаши 380 денари. Аирлија.

Го земав мобилниот да фатам некоја јавна личност,ама искрено да ви речам немапе ни В од ВИП фацки. Штета си реков, добро ај ќе ги сликам моделите.

 И оппп, почна ревијата, а ние во уште еден шок.
Манекенките паѓаат на сцена, публиката се смее, они јадни усрамени едвај одат ,искривени.

После некој ми кажа дека ги плаќале илјадарче од ревија. Па не ме чуди што беа како од бувљак извадени. Плус, овие нашиве дизајнери изгледа не пратат мода па се изгледаше тмурно, очајно и недосошиено. Башка атмосферата во хотелот личеше на сцена од некој филм од 50-тите.

Кафени килими и ламперија насекаде.Мислам дека беше некоја конференциска сала или така нешто. Едвај дочекавме да заврши овој циркус и се полетавме кон паното колку да се сликнеме и чекираме на фешнвикот. Таман се наместиве, фотографката ни рече дека брза и дека нема време да не штракне. Ние онака збунети си ги извадивме мобилните и сами си направивме селфи.

Кучка глупа, па нашите мобилки се поскапи од нејзиниот никон. Не ми е јасно до кога во Скопје ќе се прават вакви настани.Не ми е јасно до кога ќе бидеме ефтина провинција. Не ми е јасно кој спонзор спонзорира ваков очаен настан.

Каде е гламурот, џет сетот, каде се оние градски шмизли и фраери?

Зоран Василевски