Испревртено време | Trendseteri
Menu

Испревртено време

Живееме во време во кое испревртеноста е нормална работа

 

Време во кое храната се фотографира, пред да се јаде. Време во кое поважно е да се нахрани егото, а потоа телото. Испревртено време, испревртена паралела.

Како? Зошто? Од кога? Од кога социјалните мрежи собираат повеќе пријатели од реалност, време во кое услугата пријателство крепи. Испревртено време, време во кое призмата на парите ги одредува маргинитеа помеѓу елитата и обичните.

Зар не е испревртено ова време? За многумина испревртеното е нормално. Изгубени во просторот, времето и димензиите на нивната големина.

Испревртено време во вистинска ера. Време во кое туѓата несреќа е поголема од желбата за сопствената среќа, време во кое туѓиот животен редослед е поважен од сопствените очекувања.

Време во кое се гледа да се успее, за на другите да им се замолчат устите. Морбидно, сиромашно и жално. Време кога чувствата се управувани од стравови, желба и модерното. Време во кое дипломата вреди повеќе од душата. Време во кое туѓиот печат, покажува голема титула. А каде се изгуби титулата на моралот? Не се изгуби. Се смести во кутијата на културното, чекајќи време во кое луѓето ќе го спојуваат убавото со корисното.

Испревртено време, време без зборови, време на стикери кои заменуваат зборови. Зар расипан телефон, значи без зборови? Секој за себе знае дали и што е исправно во испревтеното време.

Секој си го врти и изобличува својот свет, за на крај да сфати дека како и да вртиш, животната точка е далеку под земјата.

Д.А.- Пулсот на мастилото