Искажете го својот префинет вкус | Trendseteri
Menu

Искажете го својот префинет вкус

Машки алки – задолжителни модни додатоци

 

Како никогаш порано, накитот за мажи е еден од главните трендови денес. Иако кај нас во Македонија машките алки се сметаа за моден додаток за кој треба голема храброст, сепак во последно време се повеќе гледаме исклучоци. Машките алки, после часовникот, како модни додатоци според нас се задолжителни.

Во зависност од моделот и дизајнот на алката, можете да ја комбинирате со различни модни визии. Плетени, кожни, метални, златни или сребрени, изборот е голем и широк. Се што треба е да го изберете конкретниот стил, и алката ќе оди совршено на вас.

Доколку ви е тешко да се одлучите која најмногу ви одговара, купете неколку различки креации, па комбинирајте ги во вашиот имиџ.