Македонскиот „Исцелител“ во трка за Оскар | Trendseteri
Menu

Македонскиот „Исцелител“ во трка за Оскар

Филмот „Исцелител“ кандидат за Оскар

 

Нашиот филм „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески ќе биде национален кандидат на Република Македонија за наградата „Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“ за 2019 година, соопштија денеска од Друштвото на филмски работници.

Во конкуренција беа и филмовите: „Враќање“, „Година на мајмунот“, „Незаборавна пролет во заборавено село“ и „Здивот на ангелот“.

Одлуката ја донесе комисијата која е прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, а е со следниот состав: Игор Иванов-режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ-актер, Амернис Нокшиќи-актер, Горан Трајкоски-композитор, Игор Тошевски-уметник и сценограф, Даријан Пејовски-режисер и Наум Доксевски-кинематограф.