Ирис Апфел станува модел со скоро 100 години | Trendseteri
Menu

Ирис Апфел станува модел со скоро 100 години

Икона со стил, никогаш не е доцна да станете лице од насловните страници


Ирис Апфел, Американска дизајнерка за ентериер од Њујорк, најпозната по својот ексцентричен стил, потпиша договор со агенцијата ИМГ Моделс. Да, убаво прочитавте, се работи за истата агенција која ги застапува Џиџи Хадид, Карли Клос и Жизел.

Photo: Instagram/Iris.Apfel

Ирис може да ја прпознаете по карактеристичниот изглед, бела коса, црвен кармин, округли гломазни очила и слоеви накит. Таа е првата жена која не е моден дизајнер, а била инспирација за изложби во прочуениот Метрополитен.
 
Сега повторно ги поместува границите со тоа што стана манекенка со 97 години и ја следат повеќе од 1 милион фанови на социјалните мрежи. 
 
https://www.instagram.com/iris.apfel/