Совршен стил, како модерни Бони и Клајд
По 76-то доделување на Златниот Глобус на кое на изненадување на сите, не освои награда за филмот „Ѕвездата е родена“, актерот Бредли Купер се појави со својата поубава половина на уште еден гала настан, овој пат во Њујорк.

Купер и Шајк присуствуваа на доделувањето „National Board of Review Awards“ кое се одржа во познатиот ресторан Cipriani.

Ирина и Бредли за оваа прилика ги ускладија стиловите во кариран принт, а по мислење на многу модни критичари, игледале како модерни Бони и Клајд.

Актерот одбра сиво троделно одело, додека пак манекенката довербата ја подари на брендот Versace.

Инаку овој модел фустан од познатиот бренд чини 2000 фунти.

Photos: Instagram