„Irina Shayk“ - мајка ипол и покрај „мрачниот“ стајлинг | Trendseteri
Menu

„Irina Shayk“ – мајка ипол и покрај „мрачниот“ стајлинг

„Irina Shayk“ каде и да помине, не ги остава минувачите рамнодушни

 

Славната мајка и покрај „мрачниот“ стајлинг е со одлично расположение заради ќеркичката Леа со која ги минува деновите.

Руската манекенка на себе во потполност ја има преземено родителската должност, затоа што нејзиниот сопруг Bradley Cooper го промовира својот нов филм „A Star Is Born“.

Симпатиите од целиот свет тие ги освоија уште како двојка, а сега откако добија ќеркичка се неодоливо семејство. Irina сега има многу поинаков живот,далеку од ревиите и снимањата, а центар на нејзиниот свет е малата Леа.

Во лежерната комбинација во која се појави на шетање носи удобни чизми на брендот Miu Miu чија цена изнесува некаде околу 1100 евра.

Згодниот Bradley и Irina се заедно нешто повеќе од 3години,а минатата година станаа родители.Ќеркичката ги носи двете презимиња, па нејзиното потполно име гласи : Lea De Seine Shayk Cooper.