Новиот iPhone 8 | Trendseteri
Menu

Новиот iPhone 8

Новиот iPhone 8 во продажба тек од 2018?

 

Кога почнавме да ги примаме сите веродостојни информации за новите iPhonе уреди како сигурни, нови вести почнаа да протекуваат за тоа кои нови функции Apple можеби нема да ги вклучи во трите нови модели. Не само затоа што тоа нè направи тажни, туку е навистина важно во однос на цените.

Иако е планирана објавата на новиот iPhone токму за 10 годишниот јубилеј во септември оваа година, сè изгледа, поради проблеми со OLED дисплејот и скенерот за отисок на прстот, нема да успее Apple на овај термин и најверојатно ќе мора да се одложи за почетокот на 2018та.

Според блог постот на Џон Грубер, главниот извор на проблемите се OLED панелите. Samsung можеби нема да може навреме да му достави доволно панели на Apple. Затоа гласините почнаа да доаѓаат дека од трите нови модели само iPhone 8 ќе има OLED дисплеј. Дури и ова можеби не е доволно за да и служи на критичната маса. Затоа Грубер смета дека Apple ќе ја зголеми цената на iPhone 8, компензирајќи ги проблемите за време на производството.

Ако ги погледнеме претходните вести, можеме да најдеме некои претпоставки за одложеното iPhone 8 лансирање поради проблеми во производството. Грубер во својот детален пост истакна дека на Apple не му е дозволено да продава помалку телефони отколку во претходните години. Затоа тој претпоставува дека iPhone 7s и 7s Plus може да чинат исто колку и iPhone 7 минатата година (околу 650-1000 долари), а основниот iPhone 8 може да почне со 1.200 долари и да достигне 1.400 долари за high-end моделот.

На прв поглед цената може да изгледа шокантно висока и може да го поставите вистинското прашање. Кој би го купил, кога Samsung S8+ е многу поевтин? Samsung може да ја сврти играта ако ја лансира новата Note серија so иста, висока цена. Apple направи прилично одлична математика: помал обем на продажба на iPhone 8, но идентичен приход. Единственото прашање е дали може да ја надмине рекордната продажба на iPhone 6?