Inverno Caldo | Trendseteri
Menu

Магична зима

Магична зима – Погледнете кои бунди, крзна и кожа се во мода оваа сезона

 

Брендот „Inverno Caldo“ кој стана лидер на балканскиот пазар, е синоним за врвен дизајн, изработка и квалитет на крзно и кожа. На ревијата на големиот бренд Inverno Caldo на јубилејниот 40 Belgrad Fashion Week се прикажани фантастичните модели на бунди и аксесоари од кожа и крзно, каде присуствуваа огромен број на познати посетители кои уживаа во претставувањето на нивната најнова колекција.

Водејќи се под мотото крзното да биде “луксуз кој на себе можете да си го дозволите” овој бренд во рекорден рок успеа да ги врати бундите во мода и денес претставува синоним за врвен дизајн, изработка и квалитет на крзно и кожа. Во новата колекција “Magic Winter” за есен/зима 2017 се претставени моделите на првокласни крзна од ракуни и лисици, по кои се веќе препознатливи. За прв пат на овие простори „Inverno Caldo“ ја претстави и ексклузивната линија на бунди и аксесоари од визон.