Инстаграм трендови во 2020 | Trendseteri
Menu

Инстаграм трендови во 2020

Најмоќното оружје за маркетинг – социјалните мрежи

Секоја година се менуваат актуелностите на социјалните мрежи, а Инстаграм трендовите за следната година ќе ве изненадат. Звукот е повторно во мода и се додека вашето Инстаграм story е доволно активно, публиката ќе ве следи. Социјалните мрежи се најмоќното оружје за маркетинг и најлесен пат до целните групи чии интереси се поклопуваат со контентот кој сакате да го промовирате.

Инстаграм Story

Од почетокот па се до денес, бројката на Инстаграм константно расте и се искачи на неверојатни 500 милиони корисници. Инстаграм story-то се издвои како канал и има најголемо влијание како за самопромоција, така и за промоција на компанииите. И секако, се зависи од содржината.

Микроинфлуенсери

Повеќето следбеници ќе ги послушаат советите на личности кои веќе ги познаваат во врска со некој производ или услуга, отколку да поверуваат на скапо платените реклами. Новиот алгоритам на Инстаграм го избриша стариот хронолошки feed кој некогаш беше корисен за маркетинг, па така брендовите почнаа да се рекламираат на микро ниво. Тоа значи дека фокусот е на органските следбеници, односно инфлуенсерите со помал број на следбеници кои органски можат да ги промовираат производите бидејќи така довербата е поголема.

Персонализација

Да ги задоволите корисниците во 2020 година значи дека ChatBots веќе нема да биде опција за информации за одреден производ или услуга. Доколку барате нови пазари или партнери, Инстаграм е вистинската платформа за тоа. Затоа е направен Instagram DM како основа за дирекна комуникација со крајните корисници.

IGTV

Слично како Facebook Watch, очекувајте нов пробив на Инстаграм во IGTV во 2020 година. SnapChat доживеа голем успех со своите откритија во 2019 година и иако IGTV не го достигна истиот замав, Инстаграм ќе се бори да го направи тоа во следната година.

Storytelling

Луѓето ќе заборават што сте рекле, што сте направиле, но никогаш нема да заборават како сте направиле тие да се чувствуваат. Раскажете им ја својата приказна, секој од нас ја има.

Извор на информации

За главен извор на информации за специфични производи или услуги, сеуште Google е на врвот, но тоа би можело да се промени во 2020 година. Global Web Index известува дека е нагло зголемен бројот на корисници (дури 28% од вкупниот број на корисници на интернет) кои ги користат токму социјалните мрежи за потрага по информации за производи.

Звукот е повторно во мода

Инстаграм story со звук или музика дава и до 80% подобри резултати од платените огласи без звук, а повеќе од 60% од објавените сторија се гледа со уклучен звук. Аудио-видео содржината овозможува да ја почувствувате порака во кој било видео запис.

Без лајкови

Лајкот е self-destruction оружје. Што повеќе ги добивате, тоа повеќе ги сакате. Светот во кој не ги броиме лајковите ќе биде подобар, бидејќи така сме фокусирани повеќе на себе, отколку на мислењето на другите. Ќе лајкуваме нешто што ни се допаѓа, а не затоа што другите го лајкувале.

Чао фејкови

На институтот за невронаука на универзитот во Орегона, истрачувачки тим работи на обука на глувчиња да можат да разберат неправилности во говорот, како задача која животните можат совршено да ја завршат, и се со цел искоренување на фејковите, видео и аудио снимките со познатите личности. Тоа е само еден пример колку далеку оди борбата против фејковите, па така да можеме да очекување гасење на стотици софтвери за купување фејк следбеници и лајкови.