Илина Соколовска го освои првото место во Германија за ритмичка гимнастика | Trendseteri
Menu

Илина Соколовска го освои првото место во Германија за ритмичка гимнастика

Светски, а наши – Илина и Ева вистински амбасадорки на Македонија по ритмичка гимнастика

 

 

Двете сестрички Илина и Ева, од Македонија, за кои и досега пишувавме, наголемо ги освојуват сите можни награди во светот на гимнастиката во Германија.

Илина и Ева Соколовски ги полнат германските медиуми токму поради нивниот неверојатен талент во ритмичка гимнастика.

Илина, овој пат, два пати се закити со првото место, со пехар и медал на традиционалниот турнир кој се одржа минатата недела во Германија, во градот Боркен и натпреварот кој се одржа вчера во градот Билефелд, додека нејзината помала сестра Ева која има само 7 години, храбро чекори по стапките на сестра и.

Интересен е и фактот што Илина и Ева се единствените македонки во светот кои се натпреваруваат во ритмичка гимнастика, па со право можеме да ги наречеме и амбасадорки по ритмичка гимнастика кои гордо ја претставуваат нашата Македонија.