Иднината во сервирање на вино | Trendseteri
Menu

Иднината во сервирање на вино

Иднината во сервирање на вино

 

 

Без разлика дали е богато црвено или суво бело, виното е едно од најголемите задоволства на животот. Мистеријата на она што се наоѓа внатре во една флаша вино многумина го изјаснуваат како поезија. Вино е жива течност создадена од конзервансите на младоста, зрелоста, староста и смртта.

Најпозната природна течност во светот која е доведена до најголема перфекција и нуди голем опсег за уживање и благодарност. Љубителите на виното уживаат во долгите разговори за виното и неговиот вкус.

Веројатно ви се случило да сакате да се напиете чаша вино, да отворите ново шише, а потоа да го затворите несоодветно и да се изгуби вистинскиот мирис и вкус за понатака. Сега има решение и за тоа. Со новата Syphon направа можете да уживате во чаша вино денес и да го зачувате остатокот за подоцна – без разлика дали тоа е утре, следната недела или следниот месец.

Сифон користи аргон, ист инертен гас што го користат винариите за време на процесот на полнење.

Кога ќе ставате чаша вино со Сифон, аргонот се ослободува во шишето и создава бариера која го спречува оксидирањето на виното, со тоа ќе се задржат сите состојки на виното, исто кога и првиот пат го отварате.

Цената на оваа направа ќе ве чини 120 долари.

Уживајте во чаша вино секогаш кога ќе посакате, без да го испиете целото шише.

Повеќе информации дознајте тука.