Како да изберете идеални фармерки според обликот на телото | Trendseteri
Menu

Како да изберете идеални фармерки според обликот на телото

Без оглед на величината и градбата, секој може да пронајде совршен пар фармерки

 
Ако ви се чини дека е невозможна мисија да пронајдете идеални фармерки за вас, грешите! Ви откриваме како, а доколку се држите до овие совети, нема повеќе да имате проблеми.
 
Крупна градба
Најдобар избор се оние со повисок струк и кои визуелно ги истанчуваат нозете. Избегнувајте избледени фармерки, затоа што светлите делови ќе го насочат вниманието на вашите бутови, а тоа сакате да го избегнете.
 
Нагласен стомак
Доколку мака мачите со килограмите и тоа баш на стомакот, фармерки со низок струк не се добар избор за вас, затоа што ќе дојде до „прелевање“ на стомакот преку краевите од фармерките. Но во случај каде што фармерките и панталоните со висок струк не се ваш стил, најдобар избор се оние со среден струк. Секогаш одберете модел кој е малку покомотен да не ве стега, или доколку поседувате тесни, тогаш комбинирајте ги со подолга туника.

Полни бутови
Во ваков случај побарајте фармерки наменети за облини со еластичен појас, растегливиот материјал ќе ги задржи бутовите под контрола и ќе го истакне струкот. Темна боја во овој случај е подобро решение од светла варијанта.
 
Долги нозе
Да бидеме реални, немате проблем. Единствено што се ви е кратко, но и тука има решение. Одлично стојат фармерки со различни должини.

Песочен часовник
Побарајте модел кој ќе ги „гушне“ вашите облини и нема да ги искриви. Рамни ногавици кои визуелно ќе ги издолжат вашите нозе и повисок струк се идеален модел за вас.
 
Долг струк
Фармерки со висок струк и скриен еластин се полн погодок. Избегнувајте ги оние модели кои наликуваат на хеланки.
 
Крушковидна градба
Одберете рамен модел или оние кои се стеснуваат надоле. Вашата линија најдобро ќе ја урамнотежите со светла боја, а за крај додадете поширок ремен врз подолга маица.
 
Ситна градба
Избегнувајте преголеми украси и детали, како и пократки фармерки. Најдобар избор се фармерки без истакнат раб, односно работ да е иста боја со фармерките и моделот да го прати телото.
Рамен задник
Бирајте онакви кои имаат пуш-ап крој на задникот и фармерки кои имаат помали џебови.


Photos: Shutterstock