И во 40-тите како модни икони | Trendseteri
Menu

И во 40-тите како модни икони

Мода во 40-тите: Неколку парчиња облека со кои секогаш ќе изгледате неверојатно

 

Додека да наполни 40 години, речиси секоја жена веќе го има изградено својот стил. Знае што сака, што ѝ стои добро, а што не. Веројатно сте престанале да купувате што било само затоа што е евтино и паметно ги одбирате сите парчиња облека. За добриот стил најважна е основата, а секоја дама која влегла во нејзините 40-ти би требало да ги има следниве клучни парчиња облека.



Широки панталони

Со годините телото се менува, па понекогаш претесните панталони не ви стојат толку добро. Од друга страна, овде се широките панталони кои секогаш изгледаат елегантно и се одличен избор за секоја прилика.



Совршен капут и мантил

Во раната пролет или во текот на есента и зимата, секоја комбинација станува помалку важна доколку врз неа носите капут или мантил. Па, во овие сезони тој станува главна ѕвезда и неопходен дел од вашиот стајлинг.



Блејзер

Дамите кои се во своите 40-ти знаат дека ниту една тексас или бомбер јакна не може да го замени блејзерот.



Високи кожни чизми

Не постои парче облека што не можете да го споите со овие чизми. Покрај тоа сигурно ќе се исплатат, бидејќи ќе ги носите со години.



Фустан на преклоп

Најголемата предност на овие фустани е што стојат добро на буквално секоја жена, без разлика на градбата на телото и тежината. Овие фустани визуелно ја намалуваат половината и даваат илузија на фигура на песочен часовник.



Комбинезон

Кога не знаете што да носите, облечете комбинезон. Во зависност од приликата, одберете комбинезон со соодветен материјал, крој и дезен.