Не е потребно богатство за бесценета преградка
Земи ја во раце, стисни ја силно до себе. Не и кажувај дека ја сакаш… сама нека ти прочита во очите. Запамти, таа нема никогаш да биде сосема твоја ако ти не си сосема нејзин.
И дај и слобода… колку е поубаво кога таа секогаш ти се враќа по своја воља.
Никаков прстен и никаков документ не ја натерале, туку нешто во тебе… Заради тоа што те избрала ете баш тебе, затоа се враќа. Дека тоа невидливото јаже со кое се врзала самата за тебе, ја тегне назад.
И колку е подалеку од тебе, толку повеќе ја стега… ја гуши и ја тера што побргу да си дојде.
И сè нешто ќе те прашува, колку да ти го чуе гласот. Да се увери дека и ти си тука за неа. Толку му треба на човек.
Да знае дека има некој. И дека некој го има него…
Facebook статус на Дејан Велевски