Хороскоп Девица | Trendseteri
Menu

Хороскоп Девица

Бизнис хороскоп Девица – Април 2018

 

Девиците во овој месец ќе треба да заборават на скромноста и на претпазливиот дел од нивното секојдневие. Почетокот на месецот го дочекуваат со полна Месечина во нивното поле на финансии која истовремено ќе гради позитивни аспекти носејќи со себе изобилство од позитивни прилики. Оние Девици чија работа е поврзана со кратки патувања, комуникација, пишување, ќе имаат прилика да се докажат во таа област покажувајќи ветувачки резултати. Истовремено поволни можности им се укажуваат на оние Девици кои со тешко срце ќе прифатат партнерска соработка делејќи ги заслугите од сработеното уште во рамките на истиот месец.

Како и за Близнаците, така и за Девиците, ретроградното движење на Меркур директно влијае и ја успорува работата поврзана со комуникација, трансфер на информации и сл. Последните 10 дена се одлични на професионален план за Девиците.

Поволни датуми: 1,2,25 и 26.
Неповолни датуми: 9,10 и 20.

 

Овен   Бик   Близнаци   Рак

 

Лав   Девица Вага  Скорпија

 

Стрелец  Јарец  Водолија  Риби